11-годишната ќерка на Клер Бренан Тилберг била хоспитализирана два пати изминатите месеци откако изјавила дека има самоубиствени мисли. Девојчето од Масачусетс има аутизам, депресија и напади на вознемиреност.
Иако нејзината ќерка била претходно хоспитализирана, Тилберг, изјави дека работите се влошиле кога почната пандемијата. Учењето се префрлило он-лајн и не можела повеќе физички да се среќава со педагогот.
Одеднаш, структурата и поддршката која им помагала на многу деца да го задржат чувството на нормалност, исчезнала.
Истражувањата покажуваат дека депресијата се зголемува за време на тинејџерската возраст. Еден, на секои 13 средношколци имале обид за убиство и најмалку половина од децата со ментално заболување не добиваат третмани.
Кога училиштата затворија ширум САД во средината на март лани, тоа значело, разделување со учениците, разделување со педагозите, со учителите. Дополнително, за многу ученици, училиштето беше единствено место да добијат услуги за ментално здравје.
Венимо Окоја е истражувачка за образовни програми и програмска директорка. Таа вели дека истражувањето не покажало дека има поврзување на самоубиствата меѓу тинејџерите со затворањето на училиштата. Но, таа вели дека социјализацијата и поврзувањето, е мошне важно за учениците.
Повеќе од 10 години, стапката на самоубиства меѓу учениците на возраст на 10 години и над, во САД е во пораст. Но, експертите велат дека пандемијата внесе нова загриженост во животот на младите лица со социјалната изолација.
Истражувањето во САД, Азија, Австралија, Кина, Канада и Европа, покажала дека има зголемено влошување на менталното здравје кај децата и тинејџерите од почетокот на пандемијата. Во извештај на Светската здравствена организација, во која биле вклучени 130 држави, повеќе од 60% јавиле промени во менталните услуги за ранливите луѓе, вклучувајќи, деца и тинејџери.
Во САД, затворањето на училиштата водеше до губење на сервисите за ментално здравје за многу ученици.
Окоја исто така подвлекува дека учениците исто така искусуваат предизвик по поврзување со Интернет. Понекогаш, еден компјутер го делат браќа и сестри. Или, живеат во мал простор со нивните семејства и не можат приватно да зборуваат за нивните чувства.
Што прават училиштата да се навикнат на новата реалност?
За учениците со специјални потреби, голема разлика прави обезбедување услуги за подобрување на менталното здравје преку оддалеченост, преку Интернет.
Експертите по ментално здравје сугерираат дека потребно е обезбедување структура и рутина за студентите. Тие исто така наведуваат дека е важно да се изгради чувство на поврзување меѓу учениците и родителите.
Тоа, значи, учителите и родителите да ги проверуваат учениците на дневна основа.
„Отворањето пат на комуникација е навистина важно. Младата личност ако знае дека има возрасен кој се грижи за неа, кој е секогаш достапен за разговор, е навистина важно, вели Окоја.
Окоја вели дека Фондацијата Џед работи со некои училишта за отворање на „помали виртуелни соби“. Тоа значи, распоредување во помали он-лајн соби на помал број студенти, каде ќе можат поотворено да разговараат.
Ниша Сачдев од Центарот за здравена нега при Универзитетот Џорџ Вашингтон вели дека некои училишта во главниот град имаат голем успех при проверка на учениците. На пример, секој ученик има едно назначено лице кое врши проверки на дневна основа. Системот им помага на родители и педагозите. Тие нема потреба да проверуваат, секојдневно, кај различни учители.
Секој возрасен, кој има контакт со млада личност може да преземе чекори за подобрување на менталното здравје, вели Окоја. Дури и возач на автобус, на пример, мора да го насочи, да му сугерира, на ученикот, да праша, за помош.
Facebook Forum