По неколкугодишно истражување, и со инвестиција од 400 милиони долари компанијата „Невозможна храна“ создаде нов популарен производ на вегетаријанскиот пазар - хамбургер без месо. Целта на оваа стартап компанија од Калифорнија е да направи природен органски производ кој на потрошувачите ќе им го овозможи истото уживање како и јадењето месо, но без холестерол, антибиотици, хормони и штетни бактерии.
Изгледа како месо..се пече на скара..има вкус на месо..но, сепак не е месо...
Ова е т.н. „невозможен хамбургер“ кој целосно е направен од растенија, и користи само мал дел од ресурсите кои се потребни за да се направи хамбургер од говедско месо. Многу љубители на месо признаваат дека хамбургерот им се допаѓа.
Вегетаријанскиот хамбургер има четири главни состојки: житарки, кои обезбедуваат протеин, протеин од компир, кој ги држи состојките заедно, екстракт од кокос, што му дава сочност, и една специјална состојка
„Ние сме единствените кои го имаме ова, се нарекува хем. Се покажа дека хем кој го има во крвта на животното, всушност го има насекаде, исто како и во растенијата. Пронајдовме начин да го произведуваме од природни извори. Затоа, невозможен хамбургер го има истиот вкус на месо, како и хамбургерот направен од говедско месо“, коментира Ронен.
Готвачот и сопственик на вегетаријански ресторан во Лос Анџелес, Тал Ронен, вели дека ова целосно ги менува нештата.
„Ја менува перцепцијата кај луѓето што значи вегетаријански хамбургер“
Ресторанот „Умами хамбургер“, кој е познат по хамбургерите е само еден од илјадниците ресторани кои сега го продаваат невозможен хамбургер. Велат, побарувачката расте.
Тоa е добра вест за извршниот директор на „Невозможна храна“, Дејвид Ли.
„Ја формиравме и раководиме со компанијата која треба да нарави разлика која може да се види од вселената. Освен САД, започнавме со бизнис и во Хонг Конг“, вели Ли.
Новиот погон на компанијата кој е лоциран во Оклахома има капацитет да произведе повеќе од 5,5 милион хамбургери месечно, што значи дека ќе може да се најдат на повеќе менија во рестораните ширум САД и светот.
Facebook Forum