Бројката на потврдени случаи од мали сипаници во САД го надмина рекордот од заразната болест откако е објавено дека се целосно исчезнати уште во 2000-та.
Центарот за контрола и превенција на болести на САД објави дека 695 случаи се регистрирани во 22 сојузни држави.
Градот Њујорк е особено погоден со епидемијата на мали сипаници, каде само во квартот Бруклин, со претежно еврејска заедница, се регистрирани 390 случаи.
Малите сипаници се особено заразни и може да се прошират и преку воздух, со кашлање. Појавата на епидемијата е поврзана со невакцинираните патници кои се враќаат во САД од држави каде малите сипаници се честа појава – како Израел, Украина и Филипините.
Facebook Forum