Најголемиот јапонски авто-производител, Тојота и помалиот ривал, Мазда, најавија отворање фабрика во САД, а инвестицијата ќе биде во вредност од 1,6 милијарди долари.
Компаниите воедно објавија дека притоа ќе бидат отворени 4.000 работни места, а погонот се очекува да почне со работа во 2021-та година. Фабриката ќе има капацитет да произведува по 300.000 возила годишно.
Тојота и Мазда најавија дека ќе ги здружат силите во областа на следната генерација на технологија, вклучувајќи ги и автомобилите на електричен погон.
Во овој заеднички проект, Тојота ќе има 5% акции во Мазда, додека Мазда ќе има 0,25% акции во Тојота.
За време на изборната кампања, американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Тојота дека ги префрла производствените капацитети во Мексико. Денес преку Твитер, тој ја поздрави инвестицијата.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/893411790868160514
Facebook Forum