Линкови за пристапност

Трамп најави можно заминување на Секретарот за одбрана Џим Матис


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека е можно Секретарот за одбрана, Џим Матис, да биде следниот клучен лик што ќе ја напушти неговата администрација.

Во интервју за „Си-би-ес“, тој рече дека нема најави од самиот Матис за заминување, но сепак додаде дека Секретарот е „во некоја форма и демократ“.

Трамп додаде и дека Матис е „добар човек“ со кого тој „добро се согласува“.

Долга е листата на клучни лица што беа отпуштени или, пак, самите си заминаа од администрацијата на Трамп за време на неговото претседателствување во изминатиов 21 месец. Дел од нив е и амбасадорката на САД во Обединетите Нации, Ники Хејли, којашто најави дека до крајот на годината ќе ја напушти таа позиција.

Трамп во интервјуто додаде дека во рамките на неговата администрација има уште неколкумина од коишто не е задоволен.

Така на пример, претседателот често упатуваше критики кон американскиот главен правобранител Џеф Сешн, којшто се иззема себе си од истрагата за евентуална руска вмешаност во кампањата на Трамп за изборите во 2016 година. Сепак, првиот човек на САД, одби да го отпушти правобранителот.

Во однос на прашањето за постоење на хаос во рамките на Белата Куќа, Трамп категорично рече дека се работи за лажни вести.

XS
SM
MD
LG