Линкови за пристапност

Матис разгледува дали жени да бидат дел од борбените единици


Прашањето е отворено за разгледување, рече секретарот за одбрана одговарајќи што мисли за ангажманот на жените во армијата

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис не е сигурен дали треба и жените да бидат дел од борбените армиски сили. Оваа дилема Матис ја истакна одговарајќи на студентско прашање за време на посетата на Воениот институт во Вирџинија.

„Кажано едноставно, прашањето е отворено за разгледување“, рече Матис одговарајќи што мисли за ангажманот на жените во борбени армиски единици.

„Има неколку храбри млади дами што даваат сосема различна слика за ова, но тие не се доволно“, истакна Матис, посочувајќи дека нема доволно податоци дали ангажманот на жените во единици во блиски битки е „придонес или слабост“.

Секретарот за одбрана рече дека армиските лидери даваат сè од себе за да направат правилна проценка.

„Војската има офицери што кон ова прашање гледаат целосно објективно, а во исто време да ја имаат во предвид нашата природна определба, тоа да биде отворено за сите. Но, не можеме да правиме нешто што во армијата нема смисла“, рече Матис.

На жените им беше дозволено да бидат дел од борбени единици со законските измени што во 2013 година ги иницираше тогашниот секретар за одбрана, Леон Панета, од администрацијата на Обама.

Маринскиот корпус се обиде да добие право да биде исклучок од законските измени, но беше одбиен во 2015-та година од страна на тогашниот секретар за одбрана Еш Картер, кој нареди сите воени структури да бидат отворени за прием на жени.

Сепак, бројот на жени што бараат работа во борбените единици е мал, а тие што ќе се пријават поминуваат низ тежок период на ригорозна обука.

Но, бројките полека растат. Армиски извештаи велат дека пешадијата денес брои 51 офицерка и 253 запишани жени за припреми. Седумнаесет жени успешно ја завршиле суровата двомесечна ренџерска обука.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG