Продажбата на легализираната марихуана за рекреативни цели во западната сојузна држава Колорадо достигнала над 5 милиони долари само една недела по отворањето на првата продавница за ваква дејност.
Според организација вклучена во трговијата, досега марихуана купиле приближно 100.000 лица.
„Се купува нон-стоп. Не можеме да здивнеме“, вели Илан Нелсон, која работи во една од специјализираните продавници.
Портпаролот на индустријата на марихуана, Мејсон Тверт, вели дека повеќето продавници ќе успеат да ја задоволат побарувачката: „Овие бизниси се мошне добри и ја имаат стоката на располагање. Тие секојдневно имаат свеж продукт затоа што постојно произведуваат“.
И покрај вносниот бизнис, марихуаната и натаму е забранета во САД според законот на федерално ниво. Таа може да се продава само на лица постари од 21 година.
Некои критичари велат дека лесниот пристап до марихуаната претставува голем ризик по здравјето на младите.