Поранешниот шеф на претседателската кампања на Доналд Трамп треба да се појави во судница во Вирџинија. Ќе одговара за два криминални случаи кои ги покрена специјалниот истражител Роберт Мулер.
Двата криминални случаи против Пол Манафорд за даночно затајување, непријавување сметка во странски банки, и земање кредит од банка со лажни информации – сето ова е надвор од главната истрагата против него – дали кампањата на претседателот Трамп имала врски со Москва.
Манафорд се најде во истрагата за руската вмешаност во изборите лани, откако Мулер и неговиот тим почнаа да ги истражуваат врските меѓу персоналот од кампањата на Трамп и Русија.
Обвиненијата се поврзани со децениската работа на Манафорд како лобист и долгогодишен политички консултант на поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.
Манафорд се изјасни за невин за обвиненијата во Вирџинија, како и за претходните обвинителни акти во федерален суд во Вашингтон.
Манафорд е во затвор од јуни, кога судијата што го водеше случајот во Вашингтон, ја укина кауцијата поради наводно заплашување на потенцијални сведоци.
Facebook Forum