Линкови за пристапност

Повлечена студијата за безбедноста од лековите против маларија за коронавирусот


Во информација во научниот журнал Лансет се посочува на извештајот од 22-ри мај, а кој се однесува на хидроксихлорокин, и хлорокин, лекови кои долги години се користат за лекување на маларија, но чија безбедност и ефикасност за Ковид -19, се непознати.

Неколку автори во поголемо истражување коишто изразија загриженост за безбедноста од лековите против маларија врз пациентите со коронавирус, наведоа дека независните истражители, не се во можност да ги верификуваат информациите за коишто наголемо беа покренати прашања од други научници, објави Асошиејтед Прес.

Во информација во научниот журнал Лансет се посочува на извештајот од 22-ри мај, а кој се однесува на хидроксихлорокин, и хлорокин, лекови кои долги години се користат за лекување на маларија, но чија безбедност и ефикасност за Ковид -19, се непознати.

Авторите на извештајот ги повлекоа претходните наоди за податоците за ефектите врз крвниот притисок, што беше објавено во Журналот за медицина Њу Ингланд.

Претходно, лековите против маларија беа поврзани со зголемен ризик за смрт и срцеви проблеми врз луѓето хоспитализирани со Ковид-19, што водеше

Светската здравствена организација привремено го забрани хидроксихлорокин во истражувањето, а француски официјални лица ja запрea употребата по болниците.


.

Од СЗО, пак, претходно соопштија дека експертите кои што ги разгледале безбедносните информации, одлучиле дека студијата може да продолжи.

Американскиот претседател Трамп неколкупати изјави дека секојдневно зема хидроксихлорокин, иако ефикасноста на овој лек против маларија се’ уште не е докажана во борбата против коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG