Линкови за пристапност

Макрон: „Северна Македонија треба да влезе во ЕУ и Франција целосно ве поддржува на тој пат“


Макрон со поддршка за Северна Македонија и членството во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Макрон со поддршка за Северна Македонија и членството во ЕУ

За македонско-бугарското прашање се разговараше и на маргините на вчерашниот Самит на земјите од Западен Балкан.

Позитивните пораки и јасната поддршка што вчера ги испорача Емануел Макрон не значат извесност дека на состаноците на врвот на Европската Унија идната недела, земјите-членки ќе успеат да ја разубедат Бугарија и така да се деблокира Северна Македонија, велат за Гласот на Америка дипломатски извори од Скопје. Она што е сигурно е дека во позадина европските, како и македонските и бугарските, дипломати работат, но нема сигурност дека решение ќе се постигне во неколкуте наредни дена и покрај силната политичка порака на претседателот на Франција, една од клучните земји-членки на ЕУ.

Северна Македонија треба да влезе во ЕУ и Франција целосно ве поддржува на тој пат. Понекогаш можеби сте мислеле дека сме тежок партнер кој многу барам, но јас сакам да бидам искрен партнер.
Макрон, претседател на Франција


„Северна Македонија треба да влезе во ЕУ и Франција целосно ве поддржува на тој пат. Понекогаш можеби сте мислеле дека сме тежок партнер кој многу барам, но јас сакам да бидам искрен партнер. Европската Унија донесе одлука уште во март минатата година да ги отпочне преговорите со вашата земја и сега е време таа одлука да се конкретизира и Франција активно го поддржува барањето компромис со Бугарија. Северна Македонија заслужува да ги отпочне преговорите без одложување.“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Покрај тежината на прашањата што Бугарија ги отвори, дополнителен товар на процесот е фактот дека во Софија има техничка, а не политичка влада која вели дека нема мандат да ги решава овие теми. Сепак, македонскиот премиер се уште е оптимист.

За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време.
Заев, премиер на Северна Македонија


„За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време. Пред нас е Самитот на Европскиот Совет во јуни, што е вистинска можност за чекор напред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски пат.“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

За македонско-бугарското прашање се разговараше и на маргините на вчерашниот Самит на земјите од Западен Балкан. Кај дел од европските технократи директно инволвирани во процесот, се уште има надеж за компромис во јуни.

Јуни е критичен месец за Западен Балкан. Имаме многу прашања на маса.
Вархеји, еврокомесар за проширување


„Јуни е критичен месец за Западен Балкан. Имаме многу прашања на маса. Ние сакаме да организираме меѓувладини конференции со Србија и со Црна Гора, за да ги продолжиме нивните преговори за членство. Ние сакаме да ги организираме првите две меѓувладини конференции со Албанија и со Северна Македонија.“, истакна Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

Посетата на Џо Бајден на Европа, прва како претседател на САД, се смета за дополнителна можност за пробив во процесот меѓу Скопје и Софија, особено откако дел од регионалните медиуми објавија дека Западен Балкан е високо на неговата агенда на ова патување. Меѓу другото, новата американска администрација, не крие дека Северна Македонија и Албанија треба да почнат преговори за членство зашто кредибилна политика на проширувањето е во стратешки интерес и на Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG