Линкови за пристапност

Осигурителни полиси за патничко осигурување со вклучен ризик од Ковид -19


Осигурителни полиси со вклучен ризик од Ковид -19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Ова почнаа да нудат осигурителни компании во Северна Македонија

Велат, дека на тој начин сакаат да им излезат во пресрет на македонските граѓани кои патуваат надвор од државата, а во ситуација кога постои ризик да се заразат од Ковид.

Климе Попоски, универзитетски професор по осигурување, вели дека осигурителните компании многу тешкo сами ќе можат да ги осигураат сите ризици но и да ги покријат сите загуби кои произлегуваат од пандемијата.

Дел од осигурителните компании во Северна Македонија, на своите клиенти почнаа да им нудат пакети за патничко осигурување, со вклучен ризик од Ковид 19, покриени медицински трошоци за лекување, како и дополнително покритие, за сите патни трошоци,за непланирано враќање во земјава.

Започнавме да нудиме проширено осигурување за патничко осигурување, кое вклучува медицински трошоци во случај на Ковид 19. Тоа значи дека ќе ги покриеме трошоците за нашите осигуреници, но за и членовите на најблиското семејство
Калина Сејфула, Еуролинк


„Започнавме да нудиме проширено осигурување за патничко осигурување, кое вклучува медицински трошоци во случај на Ковид 19. Тоа значи дека ќе ги покриеме трошоците за нашите осигуреници, но за и членовите на најблиското семејство, а ќе се погрижиме и за враќањето на возилото со кое патувале, доколку поради зараза со Ковид -19 не е возможно, да се вратат со возилото со кое патуваат“, изјави Калина Сејфула - директорка на Секторот за маркетинг и односи со јавност, во Еуролинк осигурување.

Иако бројот на туристички патувања надвор од државата е намален, сепак не мал е бројот на оние кои поради неодложни деловни обврски, студуски престој, или превоз на стоки и патници и во вакви услови ја напуштаат државата, изјави Сејфула.

„Од аспект на тоа колку е важно, имањето на квалитетно патничко осигурување, значи, финансиска сигурност за нашите граѓани кои патуваат, кои се наоѓаат надвор од границите на земјата. Во случај да се соочат со Ковид -19 тие имаат решение и нема да бидат на терет на сопствениот буџет или на терет на институциите“.

Климе Попоски, универзитетски професор по осигурување, вели дека осигурителните компании многу тешкo сами ќе можат да ги осигураат сите ризици, но ѝ да ги покријат сите загуби кои произлегуваат од пандемијата.

Ѝ, во делот на осигурувањето против ризици од природни катастрофи се покажа дека јавното приватно партнерство е одржливо решение
Климе Попоски, Професор


„Осигурителните компании не ќе можат да ги покријат сите загуби кои произлегуваат од пандемијата и поради треба да се размуслува за заедничка одговорност на приватниот и јавниот сектор, односно за јавно приватно партнерство. Ѝ, во делот на осигурувањето против ризици од природни катастрофи се покажа дека јавното приватно партнерство е одржливо решение“, вели Климе Попоски, универзитетски професор по осигурување.

Попоски очекува компаниите, помасовно во иднина да нудат осигурителни полиси со вклучен ризик од Ковид, но ѝ да изнаоѓаат нови иновативни продукти, како што е параметарско индексно осигурување, кое се покажало успешно во справување со ризици од природните непогоди.

„Кога ќе имаме помасовно патување во странство ќе биде во период кога ќе биде и вакцината, кога ќе дојдеме на излезот од пандемијата, со што ѝ изложеноста на ризик ќе биде многу помала за осигурителните компании и тие тогаш ќе можат со малку повеќе слобода и помал ризик да го вклучуваат тој ризик“, вели Попоски.

Бројот на туристички патувања е намален за 90 %.

Очекувањата се дека така ќе биде најмалку до напролет.

Сепак, сите гледаат надеж во вакцината за Ковид - 19, за која македонските власти веќе најавија дека во земјата ќе стигне во првите два месеци од 2021 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG