Линкови за пристапност

Polygraph.info: САД ги оценија како „апсурдни“ руските обвинувања за манипулација во македонскиот Парламент


Анализа и проверка на информациите за наводно присуството на амбасадорот Бејли на изјаснувањето во Собранието на 20-ти октомври

Иако САД отворено ја поддржуваат промената на името во правец на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, и испратија виш дипломат во Скопје како знак на поддршка, официјален претставник на Стејт департментот ги негираше руските обвинувања за Polygraph.info и ги окарактеризира како „апсурдни“.

„Секакви сугестии дека официјални лица од американската амбасада биле вклучени во процесот на парламентарно изјаснување се лажни“, напиша официјалниот претставник. „САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент да започне расправа за уставни промени неопходни за имплементирање на Договорот од Преспа со Грција. САД веруваат дека Договорот од Преспа е историска можност за напредок на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот“.

Американската амбасада во Скопје одговори на барањето на Polygraph.info за тоа каде се наоѓал амбасадорот на САД во Македонија, како и за локацијата на други американски дипломати на денот на гласањето.

„Ниту амбасадорот Бејли, ниту американски дипломати биле во Собранието на 20-ти октомври“, се вели во реакцијата од портпаролот на Одделот за односи со јавноста во Амбасадата во Скопје.

Текстот е дел од анализа објавена од Polygraph.info - Сервис за проверка на факти на „Гласот на Америка“.

Интегралната верзија на анализата може да ја најдете на следниов линк:

https://www.polygraph.info/a/us-labels-as-absurd-russian-accusations-macedonian-fact-check/29566054.html

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG