Линкови за пристапност

Вашингтон пост: „Македонија е мала земја со џиновски руски проблем“


Protests Christian Brotherhood Macedonia
Protests Christian Brotherhood Macedonia

Иако не преставува закана по Русија, влезот на Македонија во Алијансата и ЕУ заедницата ќе помогне да се стабилизира историски немирниот дел на Европа, напиша весникот.

Во редакциски коментар на Вашингтон пост, политичката динамика во Македонија последните недели е опишана со насловот „Македонија е мала земја со џиновски руски проблем“. Коментарот алудира на различните интереси. Од една страна, и секретарот за одбрана Џим Матис и германската канцеларка Ангела Меркел, кои за време на посетата на Скопје, го поддржаа одржувањето на референдумот и демократското право на граѓаните да гласаат за својата иднина, а друга страна, Русија која секогаш бара нов начин да го поткопа грчко-македонскиот договор за името и да спречи уште едно проширување на НАТО.

Македонија не се граничи со Русија, но е опкружена со три земји-членки на НАТО, напиша Вашингтон пост. Во коментарот на весникот се вели дека „иако не преставува закана по Русија, влезот на Македонија во Алијансата и ЕУ заедницата ќе помогне да се стабилизира историски немирниот дел на Европа“.

Кампањата на меѓународната заедница веројатно ќе триумфира во Македонија и покрај влијанието од Русија, напиша весникот и додава дека „анкетите покажуваат дека референдумот ќе успее, што ќе му овозможи на македонскиот Парламент да ги усвои неопходните уставни измени. Но, независно од исходот на референдумот, една порака од Македонија е јасна – Путин останува определен во поткопување на Западот и неговите институции – кога и` да има можност“, заклучува Вашингтон пост во редакциски коментар за Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG