Линкови за пристапност

Македонија реагира на нападот во Шарли ебдо


Осуди доаѓаат од новинарски, невладини, верски организации и од државниот врв

Нападот врз францускиот сатиричен магазин Шарли ебдо, во којшто беа убиени 10 новинари и двајца полицајци, наиде на остра осуда во јавноста во Македонија.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази шокираност и згрозеност од, како што наведе, дивјачкиот напад.

Овој масакр е доказ дека новинарите, слободната мисла и слободата на медиумите се под сериозна животна закана секаде во светот.
ССНМ

„Овој масакр е доказ дека новинарите, слободната мисла и слободата на медиумите се под сериозна животна закана секаде во светот. ССНМ ја дели оцената на Европската федерација на новинари (ЕФН) која масакрот веќе го нарече варварски акт на насилство против новинарството и против слободата на медиумите. ЕФН утре во 11 часот во Меѓународниот прес-центар организира една минута молк во знак на почит за убиените новинари. ССНМ ги повикува

Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет.
Здружение на новинари на Македонија

македонските колеги да се придружат кон ова оддавање на почит, каде и да се во моментот. Воедно изразуваме и сочувство до семејствата на убиените и до целата француска јавност“, стои во соопштението на новинарскиот синдикат.

Со реакција истапи и Здружението на новинарите на Македонија: „Во овие тажни моменти изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ. Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите,

Овој вид на свирепо насилсто нема оправдување, исто како што човечкиот живот и слобода на изразување немаат цена.
Хелсиншки комитет за човекови права на РМ

туку е напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет. Насилството во никој случај не смее да се толерира, а злосторниците мора најостро да се казнуваат“.

Загриженост и осуда изрази и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

„Овој чин на насилство претставува атак врз слободата на изразувањето и уметноста, како и критичката мисла. Последицитте од ваквите напади

Ваквиот варварски чин покажува уште еднаш дека оние кои силно и посветено се борат за слободата ја плаќаат највисоката цена.
Невладина организација Цивил

врз медиумите се далекусежни бидејќи нарушувањето на нивната безбедност и слобода во информирањето се начин за спречување на слободното изразување во било која форма, преку збор или слика. Овој вид на свирепо насилсто нема оправдување, исто како што човечкиот живот и слобода на изразување немаат цена. Сакаме да ја поддржиме солидарноста и сплотеноста која што ја манифеестираа граѓаните во текот на вчерашниот ден кога се собраа на плоштадот во Париз со порака „Не се плашиме“, бидејќи овој напад пред се има за цел да создаде хаос, несигурност и да ја поткопа безбедноста и слободата на изразување на критичката мисла.

Овој акт е далеку од принципитe и учењатa на Исламот кои произлегувааа од Светиот Куран. Затоа ние жестоко ги осудувамe овие појави и повикуваме сите криминалци, без разлика на боја, националност и религија да бидат изведени пред лицето на правдата, затоа што сме убедени дека не постои религија во светот што ги оправдува овие акции и сличните на нив.
ИВЗ

Меѓутоа, како што посочија граѓаните, слободата на изразување, како и работата на магазинот и новинарите не може и не смее да биде сопрена како што не може и не смее да биде сопрена мислата, идејата и уметноста како форма на изразување“, потенцира Хелсиншкиот комитет.

За невладината организација Цивил – Центар за слобода, „овој терористички чин претставува директен напад врз слободата на изразување и слободата на медиумите. Ваквиот варварски чин покажува уште еднаш дека оние кои силно и посветено се борат за слободата ја плаќаат највисоката цена“.

Нападите против „Шарли Ебдо“ претставуваат и ги доживуваме како напад на демократијата, како напад против принципите и слободата на мислата и на говорот.
Ѓорге Иванов, претседател на РМ

Солидарност со новинарската заедница во Франција јавно демонстрираа повеќе медиуми во Македонија.

Реагираше и Исламската верска заедница (ИВЗ): „Тајните ги знае само Севишниот Алах, но како што се пласираше во јавноста, врз основа на исламските принципи ние го oсудуваме овој акт. Овој акт е далеку од принципитe и учењатa на Исламот кои произлегувааа од Светиот Куран. Затоа ние жестоко ги осудувамe овие појави и повикуваме сите криминалци, без разлика на боја, националност и религија да бидат

Овој свиреп чин треба да не` обедини уште повеќе во борбата против тероризмот во која Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес рамо до рамо со нашите сојузници и партнери каква што несомнено е и Република Франција.
Никола Груевски, премиер на РМ

изведени пред лицето на правдата, затоа што сме убедени дека не постои религија во светот што ги оправдува овие акции и сличните на нив. Истовремено, им пренесуваме искрени сочувствa до семејствата на жртвите и на целиот пријателски француски народ“.

И македонскиот државен врв го осуди нападот во Париз. Претседателот Ѓорге Иванов во пораката до францускиот колега Франсоа Оланд наведува: „Со шокираност, длабока тага и со чувство на огорченост ја примив веста за масакрот во Париз и искрено жалам за загубените животи од овој злосторнички чин. Нападите против „Шарли Ебдо“ претставуваат и ги доживуваме како напад на демократијата, како напад против принципите и слободата на мислата и на говорот“.

Премиерот Никола Груевски, пак, во телеграмата со сочуство до францускиот премиер Мануел Валс оценува дека се работи за „варварски терористички напад“ и „напад врз човечкиот интегритет и демократските вредности“ и порачува дека „овој свиреп чин треба да не обедини уште повеќе во борбата против тероризмот во која Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес рамо до рамо со нашите сојузници и партнери каква што несомнено е и Република Франција“.

XS
SM
MD
LG