Линкови за пристапност

Границите на Северна Македонија кон Косово и Србија засега отворени


Северна Македонија: И натаму отворени границите кон Косово и Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Северна Македонија: И натаму отворени границите кон Косово и Србија

Во наредните денови ситуацијата внимателно ќе се мониторира, а надлежните институции ќе се консултираат со епидемиолозите пред да се носи одлуката.

Границите кон Србија и Косово засега остануваат отворени. Комисијата за заразни болести, иако беше најавено, не доставила препорака до владата за затворање на граничните премини кон двете соседни земји каде во последните денови има влошување на епидемиолошката состојба.

Ние сакаме да носиме одлука врз основа на проценка на стручните лица
Оливер Спасовски, технички премиер


„Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на проценка на стручните лица. Ако се согледа каква било потреба, ако се согледа дека има потреба да се преземат мерки, тогаш ќе се разговара на Влада. Засега Владата нема донесено никаква одлука, и во моментов важи старата.“, изјави Оливер Спасовски, технички премиер.

Во наредните денови ситуацијата внимателно ќе се мониторира, а надлежните институции ќе се консултираат со епидемиолозите пред да се носи одлуката.

Нема политика, нема пријателство, главната калкулација е епидемиолошката слика
Никола Димитров, министер за надворешни работи


„Ќе биде важно да се продолжи со оваа консултација бидејќи сите одлуки што ние или било кој во регионот и ЕУ ги носи во однос на границите се пред се водени од здравствен аспект. Нема политика, нема пријателство, главната калкулација е епидемиолошката слика.“, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Северна Македонија е изземена од т.н „бела листа“ за влез во ЕУ. Унијата бара исполнување на 3 критериуми за да дозволи патувања на граѓани од земјава – првиот е не повеќе од 20 нови случаи на ковид-19 дневно на 100 илјади жители во последните 14 дена, вториот е трендот на нови случаи во истиот период во споредба со претходните 14 дена да биде стабилен или опаѓачки и третиот е бројот на извршени тестови за присуство на Kовид-19 и веродостојноста на објавените информации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG