Владејачкото мнозинство во Собранието го отфрли предлогот на опозицијата за пописот.
Во жестоката дебата, опозицијата ја обвини Владата за неуспехот да го спроведе претходно закажаниот попис на населението минатата година, барајќи одговорност.
„Оваа дебата е поради неуспешниот попис, кој доколку се спроведеше како што треба, немаше да има потреба да се убедуваме да има нов попис во април годинава, што уште еднаш потврдува дека комплетната одговорност за неодржување на пописот лежи во владата на ВМРО-ДПМНЕ“ изјави пратеникот од СДСМ, Игор Ивановски.
Опозиционерите тврдат дека е сторен фалсификат и побараа одговорност, за како што тврдат, потрошени 14 милиони евра за неуспешниот попис.
Од парламенарното мнозинство возвратија дека операцијата не била изготвена според критериумите на европската статистичка агенција Еуростат.
„Пописот беше прекинат бидејќи не беа спроведени условите на Еуростат“, изјави пратеничката Силвана Бонева.
„Учествуваа 15.000 попишувачи и улогата на сите партии и граѓани е пресудна да има резултати како што посакуваме. Затоа, ниту една партија не може да се изземе од одговорноста“, изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.
За обвинувањето за потрошените 14 милиони евра, владеачкото мнозинство одговори дека тие пари биле предвидени за операцијата, но дека не се потрошени бидејќи пописот не се реализирал.
Според пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, пописот не е едноставна статистичка операција и има силни политички импликации доколку не се води по утврдените стандарди.
На крајот од расправата владеакото мозинство го одби предлогот за организрање на попис во април, со образложние дека опозицијата предлага идентичен текст како и во претходниот закон, што се покажал неефикасен.