Линкови за пристапност

На пат до тест за рано откривање на рак на бели дробови


На пат до тест за рано откривање на рак на бели дробови
На пат до тест за рано откривање на рак на бели дробови

Тестот што бара одредени протеини во крвта е дизајниран да открие тумори во најрана фаза

Според светската здравствена организација, ракот на бели дробови е водечка причина за смртност поврзана со рак во светот. Годишно од оваа болест умираат 1,5 милиони лица. Болеста главно е причинета од пушење. Раното откривање проследено со брз третман е примарно за да се преживее овој рак што се шири со неверојатна брзина.

Научниците од Центарот за истражување на ракот Фред Хачинсон во Сиетл, соопштија дека изработуваат нов тест преку примерок од крв за одредување на протеини на ракот на бели дробови. Овие протеини се произведени од ткиво на тумор, во рана фаза од развојот на ракот на белите дробови и може да се открие во плацентата, инаку богата со протеини.

Научниците велат дека ваквите тестови се мошне чувствителни и можат да регистрираат присуство на маркери или показатели, пред да можат да бидат видени на таканаречените „кет“ сканирања. Овие сканирања е познато дека не се совршени. На висок процент од приказите видливи се израстоци кои се покажуваат како малигни тумори, а по операција ќе се види дека се бенигни.

Експерите велат дека тестот со примерок на крв за рано откривање на рак на бели дробови, трага по маркери на протеини слични на начинот на кој функционираат другите тестови со крв за откривање на рак.

Научниците додаваат дека следен чекор е изработка на тест што лекарите можат да го користат на пациенти кај кои постои ризик од рак на бели дробови, за околу две години.

XS
SM
MD
LG