Линкови за пристапност

Колку е потребно за проблем на Олимписките игри?


Два неодамнешни инцидента го свртеа вниманието на опасности поинакви од терористичките заговори.

Непријатно изненадување за британските власти - два неодамнешни инцидента го свртеа вниманието на безбедноста на претстојните Олимписките игри летово во Лондон. Додека полицијата се подготвува да спречи секаква можност за терористички напад, постои загриженост дека опасноста, сепак, може да дојде и од друга страна.

Неодамна, припадници на организацијата „Урбани истражувачи“ снимија како изгледа Лондон на дланка, искачени на највисоката зграда во Европа – Шард, без притоа никој да ги спречи. Велат, немале намера да го прекршат законот, но нивниот подвиг покажа колку може да биде ранливо обезбедувањето, на само неколку месеци пред Олимпијадата.

„Олимпијадата е голем проблем, надвор од контрола. Но, лицата задолжени за безбедност треба да бидат способни да се грижат за сопствената зграда“, вели Дејвид Рубенс, сопственик на фирма за безбедносни консултации.

Деновиве се случи уште еден инцидент – демонстрант скокна во Темза, запирајќи ја традиционалната трка во веслање меѓу универзитетите Оксфорд и Кембриџ.

Тоа го наведе директорот на Британското олимписко здружение да каже дека „потребен е само еден идиот за да се уништат Олимписките игри“.

Безбедносниот консултант Рубенс, пак, коментира: „Имаме историјат на протести на организации како Ослободителниот животински фронт, Гринпис, и особено Татковци за правда, кои може да привлечат големо меѓународно внимание со едноставни и евтини потези“.

Безбедносните вежби досега беа насочени на терористички напади од голем размер. Трошоците за обезбедувањето на Олимпијадата двојно скокнаа од првичната проценка и сега изнесуваат 882 милиони долари.

XS
SM
MD
LG