Линкови за пристапност

Какви се шансите на независните кандидати за градоначалници и листи за советници на локалните избори во Северна Македонија?


Очекувања за локални избори во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Очекувања за локалните избори во Северна Македонија

Според, Арсовски, на локалните избори, независните листи односно третите партии можат да ги поматат сметките на двете поголеми партии само за советничките листи.

Седмите по ред локални избори, кои треба да се одржат на 17 октомври, ќе бидат едни од најинтересните до сега, сметаат аналитичарите. Според нив тоа е така, затоа што на овие избори ќе има рекорден број на независини кандидати за градоначалници и листи за советници, кои според нив, можат да им ги поматат сметките на големите партии.

Во однос на изборот за градоначалници, кои се бираат според мнозински модел, аналитичарот Петар Арсовски, смета дека тоа е речиси невозможно.

Независните листи за советници и градоначалници, кои на овие локални избори ќе бидат во рекордно најголем број како никогаш досега, можат да им ги поматат сметките на партиите
Шабакоски, политиколог


Независните листи за советници и градоначалници, кои на овие локални избори ќе бидат во рекордно најголем број како никогаш досега, можат да им ги поматат сметките на партиите, смета политикологот, Горан Шибакоски. Вели овие избори ќе отскокнуваат од она што досега сме навикнати да го гледаме.

„Самите независни кандидати, исто така бегаат и од монополот на политичките партии.Сметам дека тоа може да им ги помати сметките на големите политички партии и тоа може да биде и изненадување на овие избори кои што понатаму ќе ги одреди и другите политички текови“, коментира Горан Шибаковски, универзитески професор и политиколог.

Аналитичарот, Петар Арсовски, појавувањето на независни листи за кого ова е феномен кој се појавува насекаде на Балканот, го објаснува на овој начин.

„Заради тоа што претходно има една стагнатна ситуација на две големи партии. Таков беше случајот со Миро Ценар во Словенија со Мост во Хрватска итн. Мислам дека помали се веројатностите дека независните листи се појавуваат од лични интереси. Поверојатно е дека се појавуваат поради тензијата која постои помеѓу двете поголеми партии. Делумното разочарвуање и потребата за нова понуда. Мислам дека тоа е причината за појавувавњето, а не некакви лични интереси“, вели Петар Арсовски, аналитичар.

Според, Арсовски, на локалните избори, независните листи односно третите партии можат да ги поматат сметките на двете поголеми партии само за советничките листи.

„Каде моделот е пропорционален и каде постои можност да се појават на повеќе места, независни советнички листи, кои ќе го прават мнозинството во советите и ќе влијаат на политиките“, вели Петар Арсовски, аналитичар.

Во однос на изборот за градоначалници, кои се бираат според мнозински модел, смета дека тоа е речиси невозможно.

Бидејки многу е мала веројатноста, безмалку невозможна, да во вториот круг на градоначалнички избори влезат, било кои други кандидати, освен кандидатите на двете поголеми партии во таа општина
Арсовски, аналитичар


„Бидејки многу е мала веројатноста, безмалку невозможна, да во вториот круг на градоначалнички избори влезат, било кои други кандидати, освен кандидатите на двете поголеми партии во таа општина“, вели Петар Арсовски, аналитичар.

Шибакоски пак очекува интересна кампања. „Пред се тоа ќе биде во оние градови, каде што имаме кандидати кои повторно ја бараат поддршката од гласачите и настапуваат како независни кандидати. Секако има некое незадоволство, дали тоа е од матичните партии од каде произлегуваат, но сигурно го познаваат, и теренот''.

Според ДИК, 25 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи, додека за листи за советници, 57 групи избирачи.

XS
SM
MD
LG