Линкови за пристапност

Северна Македонија: Се вжештува политичката атмосфера во пресрет на претстојните локални избори


Атмосферата се вжештува пред локалните избори на 17-ти октомври
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Атмосферата се вжештува пред локалните избори на 17-ти октомври

Наспроти закажаните активности во парламентот, ВМРО-ДПМНЕ излезе со нови барања за расветлување на пожарот во тетовската модуларна болница

Во трката по гласови се користи секоја можност за пласирање на партиски платформи и политики, или оцрнување на противникот. Резултатот е дека работата на законодавниот дом, која стана жртва на надмудрувањата меѓу власта и опозицијата, е блокирана. Денеска беше одложена една пленарна и неколку седници на собраниски комисии.

Наспроти закажаните активности во парламентот, ВМРО-ДПМНЕ излезе со нови барања за расветлување на пожарот во тетовската модуларна болница.

„Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе поднесеме Предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции.“, изјави Рашела Мизрахи, од ВМРО - ДПМНЕ.

Додека опозицијата бара оставки од надлежните, мнозинството обвинува дека се злоупотребува голема трагедија и се покажува неодговорност кон граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ секој ден го пробива сопственото дно на неодговорното и нехумано однесување. Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на опозициската партија на најподмолен начин тераат политиканство и лични интереси.“, оцени Бисера Костадиновска - Стојчевска од СДСМ.

Оваа седмица е последната работна недела на парламентот пред стартот на кампањата за локалните избори. Но, дел од невладините кои ги мониторираат активностите на партиите, сметаат дека кампањата почнала предвреме.

„Во принцип, учесниците во изборната кампања главно ја почитуваат законската забрана за промовирање на програмите на кампањите, но од друга страна се гледа една извонредна динамична кампања на моменти и многу агресивна.“, изјави Џабир Дерала, од Цивил.

Локалните избори, 7-ми од независноста, се закажани за 17 октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG