Линкови за пристапност

Лобирањето во САД - вткаено во ткивото на Вашингтон


Лобирањето во САД - вткаено во ткивото на Вашингтон
Лобирањето во САД - вткаено во ткивото на Вашингтон

Се додека има интереси да се заштитат, профит да се направи и права да се наметнат, ќе има луѓе кои ќе се обидат да влијаат на легислативата и на регулативата. Понекогаш чесно, понекогаш - не

Во САД, корпорациите и групи на активисти редовно вршат влијание врз Конгресот и извршната власт во донесувањето на одлуки од јавен интерес. Лобирањето често се критикува како промоција на специјални интереси, врз грбот на јавноста. Тоа е толку вткаено во ткивото на Вашингтон што во него активно се инволвирани странски корпорации, па дури и влади.

Лобирањето е огромен бизнис, со речиси три ипол милијарди долари потрошени на тоа во 2009-тата. Законите и регулативата може да бидат толку сложени што се потребни редици адвокати да ги објаснат и да направат стратегија за нивно менување.

Адвокатските канцеларии ангажирани во лобирање вршат вакви услуги за нивните клиенти. Патон Богс е една од попознатите во Вашингтон, каде Николас Алард вака ја објаснува работата: „Како заболекар – нама да чистите забен корен сами на себе. Ви треба стручњак. Затоа постојат и стручњаци-адвокати, лобисти. Дали за пари или про боно, сеедно, тоа е експертиза, анализа, совети, експертска адвокатура“.

Дел од таа експертска анализа е способноста да се најдат клучните луѓе кои донесуваат одлуки. Новинарот Тим Карни од весникот Вашингтон егзаминер објаснува зошто „да се познаваат луѓе“ е важно за успех во оваа област.

„Многу често, лобисти се луѓе кои работеле за конгресмени. Конгресмените сакаат да се среќаваат со нив зашто знаат дека нема да им го губат времето, дека се добро информирани, или добро едуцирани. За тоа се работи“, вели Карни.

Како и во политичките кампањи, лобирањето инволвира правење и пренесување на таканаречени пораки наменети за законодавците и регулаторите, во надеж дека ќе влијаат на нивните одлуки. Вашингтон е бомбардиран со вакви пораки од различни медиуми.

Еден пример за тоа е борбата меѓу два производитела на авиони, Боинг и Ербас од Европа, да добијат добијат лукративна зделка за нови танкер-авиони. Пораките одеа не само преку лобисти, туку и на телевизијата, во весниците и други медиуми. Беа вмешани странски компании, па дури и влади на држави – во користењето лобисти за вршење влијание врз Вашингтон.

Лобистот Алард од Патон Богс вели дека меѓународната инволвираност е нормална со оглед на фактот дека најголем дел од политичките прашања се глобални – климатски промени, регулирање на финансиските служби – сите сфаќаат дека по нив не вреди да се настапува унилатерално.

Се додека има интереси да се заштитат, профит да се направи и права да се наметнат, ќе има луѓе кои ќе се обидат да влијаат на легислативата и на регулативата. Понекогаш чесно, понекогаш - не.

XS
SM
MD
LG