Линкови за пристапност

Конгресменката Омар за ставовите коишто поттикнаа жестока политичка дебата


Во интервју за Гласот на Америка за сомалиската редакција, Омар рече дека критиката врз „нејзините јавни ставови се продукт на омраза и игнорантност од страна на претседателот Трамп и неговите десничарски поддржувачи“.

Нападот во Синагогата во Калифорнија во саботата во кој беше убиено едно лице ја оживеа дебатата за коментарите на конгресменката Илхан Омар за 11-ти септември 2001-ва и релациите на американските законодавци со лобистите за Израел.

Американскиот сенатор Тед Круз и конзервативната коментаторка Меган Мекејн сугерираа дека неодамнешните коментари се дел од растечкиот анти-семитизам меѓу левицата и оти сите страни од американскиот политички спектар имаат придонес за екстремистичкиот дијалог чија мета се Евреи.

Омар, прва Американка од сомалиско потекло во Конгресот, ги отфрли такви тврдења и преку Твитер порача дека „исламофобијата и анти-семитизмот се „две страни од иста паричка“. Таа повика „сите заедно како Американци, да ја отфрлиме омразата“.

Во интервју за Гласот на Америка за сомалиската редакција, Омар рече дека критиката врз „нејзините јавни ставови се продукт на омраза и игнорантност од страна на претседателот Трамп и неговите десничарски поддржувачи“.

„Имаме претседател кој не` напаѓа нас – малцинството Американци и луѓето од други раси. Сега кога имаме можност и платформа да зборуваме, сака да не` замолчи, рече Илхан, една од двете жени - Муслиманки во Конгресот.

Омар поттикна жестоки реакции кога на почетокот од годинава преку Твитер инсинуираше дека американските законодавци го поддржуваат Израел преку пари од американско-израелскиот Комитет за јавни работи, моќна лоби група.

Кусо време откако се извини за твитот, Омар сугерираше во јавно соопштение дека некои законодавци имаат двојна лојалност кон САД и кон Израел.

Нејзините коментира беа критикувани и од Демократите и од Републиканците и поттикнаа усвојување две резолуции коишто осудуваат говор на омраза. Еврејските лидери во општината во Минеаполис, каде беше избрана, се сретнаа со конгресменката за да дискутираа за начините за понатамошен отворен дијалог - https://www.voanews.com/a/first-somali-american-congresswoman-ignites-controversy-in-diverse-minneapolis/4847472.html?withmediaplayer=1 )).

„Поради 11-ти септември, што некои луѓе го сторија, сите почнавме да ги губиме граѓанските слободи. Долго време живееме со чувство на граѓани од втора класа, и јас сум уморна. Секој Муслиман во оваа земја треба да биде заморен од тоа“, изјави Омар во еден друг твит.

Претседателот Трамп и другите критичари жестоко ја критикуваа Омар за делот од реченицата „некои луѓе што го извршија 11-ти септември“, обвинувајќи ја за релативизирање на најужасните терористички напади на американско тло.

Омар рече дека примила зголемен број на смртни закани поради твитот. На почетокот од месецот, лице од Њујорк беше уапсено за наводна закана за напад и убиство на Омар.

Во петокот, Омар се сретнала со проминентни лица од сомалиско-американската заедница. Запрашана дали по вжештената контроверзна можеби нема да биде толку истакната во Конгресот, Омар рече дека таа не е избрана да „молчи“ и да биде “невидлива“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG