Линкови за пристапност

Републиканскиот сенатор Линдзи Грем се приклучи на трката за претседател


Сенаторот од Јужна Каролина е силен поборник за американска воена интервенција во странски конфликти

Републиканскиот сенатор Линдзи Грем од Јужна Каролина, кој е жесток поборник за американска воена интервенција во конфликти во странство, се приклучи на згуснатото поле на кандидати за партиска номинација во 2016-та.

Тој е 9-ти републиканец кој најави кандидатура за претседател и четврти републикански сенатор – по Тед Круз од Тексас, Марко Рубио од Флорида и Ранд Пол од Кентаки.

Грем ова го соопшти во неговиот град Централ, Јужна Каролина, и им рече на поддржувачите дека сака да биде претседател за „да ги порази непријателите кои се обидуваат да не` убијат“. Тој рече дека САД никогаш нема да уживаат мирољубиво ко-егзистирање со радикалниот Ислам“.

Грем е голем критичар на претседателот Барак Обама и неговата надворешна политика. Тој тврди дека политиката на Обама „не` направи понебезбедни“.

Тој е близок политички со сенаторот Џон Мекејн, кој беше номиниран од партијата во 2008-ма и кој загуби од актуелниот претседател Барак Обама.

XS
SM
MD
LG