Либискиот Преоден национален совет соопшти дека пет меѓународни енергетски компании ќе ги продолжат операциите во земјата, што е критичен чекор во напорите на Триполи за обнова на економијата по граѓанските немири и санкции.
Во Параз во меѓувреме завршија средбите на либиските претставници и светските лидери чии фокус беше наоѓање конкретни начини да и` се помогне на Либија по владеењето на Моамар Гадафи. Средбите во Париз дојдоа еден ден откако светските лидери ветија 15 милијарди долари во финансиска и хуманитарна поддршка за преодната влада на Либија.