Линкови за пристапност

САД и 30 други земји ги признаа либиските бунтовници


САД и 30 други земји ги признаа либиските бунтовници
САД и 30 други земји ги признаа либиските бунтовници

Покрај значителниот официјален статус, признавањето овозможува и важни нови финансиски средства.

САД и 30 други земји го признаа Транзициониот национален совет на бунтовниците во Либија, декларирајќи дека досегашниот водач Моамар Гадафи повеќе нема легитимитет да ја води земјата.

Декларацијата беше објавена на средбата во Истанбул каде западните земји и регионалните сили се собраа за да развијат стратегија за јакнење на либиската опозиција во обидот да го смени Гадафи, кој веќе 42 години владее со земјата.

По објавувањето на декларацијата, Гадафи во говор пренесуван тонски во градот Злитан на илјадниците насобрани поддржувачи им порача дека дипломатското признавање нема никаква важност.

Меѓународните чинители, пак, најавија дека ќе го сметаат Советот за легитимно владејачко тело во Либија се` додека не биде поставена нова привремена влада. Признавањето, покрај значителниот нов официјален статус, на бунтовниците им овозможува и важни нови финансиски средства.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон, која учествуваше на средбата во Истанбул, кажа дека владата на претседателот Барак Обама ќе помогне во планирањето за демократска Либија по Гадафи, како и во хуманитарните потреби на либискиот народ.

XS
SM
MD
LG