Рускиот Горен дом на Парламентот, Федералниот совет, одобри закон со кој ќе се забранат поддржувачите и членовите на организации опишани како „екстремисти“ да бидат избрани за било која функција – што е речиси невозможно за секој што е поврзан, или е соработник со затворениот опозиционен лидер Алексеј Навални да добие јавна функција во државата.
Според предлог-законот што беше усвоен на 2-ри јуни во Федералниот совет, лидерите и основачите на организациите означени како терористи и екстремисти од руските судови ќе бидат забранети да се кандидираат за јавни функции во период од пет години.
Други членови или вработени во таквите организации ќе се соочат со тригодишна забрана. Законот за да стапи во сила треба да биде потпишан од претседателот Владимир Путин, а очекувањата се дека тој ќе го потпише.
Facebook Forum