Линкови за пристапност

Амбасадата на САД во Скопје за последните случувања со Законот за употреба на јазиците


Важно е Собранието да оди напред со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, се вели во изјавата од американската амбасада во Македонија

Како што кажа помошникот-државен секретар Мичел во вторникот, за време на неговата посета на Скопје, Македонија прави големи чекори во процесот на градење силна демократија. Земјата има можност да оствари напредок кон членството во ЕУ и во НАТО, што мнозинството од сите граѓани го поддржуваат, се вели во изјавата од Амбасадата на САД во Скопје на прашање на Гласот на Америка на македонски.

„За да се оствари оваа ЕУ-НАТО иднина, важно е Собранието да оди напред со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи; реформи кои сите партии рекоа дека ги поддржуваат. Како што кажа премиерот Зоран Заев синоќа, обврска и одговорност на владата и на политичките лидери, е да ги унапредуваат интересите на сите граѓани во земјата. Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, заменикот-премиер Османи, на почетокот на оваа недела, во Брисел потврди дека Владата ќе го испрати Законот пред Венецијанската комисија за мислење и препораки, за да биде сигурна дека истиот е во согласност со европските стандарди“, објави Амбасадата на САД во Македонија на прашањето на Гласот на Америка, да ги коментира последните случувања поврзани со Законот за употреба на јазиците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG