Линкови за пристапност

Антикорупциска: Законот за стратешки инвеститор е високoризичен за корупција и судир на интереси


Антикорупциска за законот за странски инвеститор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Ставот на антикорупционерите е дека Собранието постапило спротивно на Уставот.

Тоа е оценката на Антикорупциската комисија за законското решение за избор на стратешки инвеститор за изградба на коридорите 8 и 10 кое вчера беше изгласано во Собранието. Со овој закон се овозможи американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ да биде стратешкиот партнер за градење на клучните патни правци во земјава без притоа да се распишува тендер.

Ставот на антикорупционерите е дека Собранието постапило спротивно на Уставот.

Овој закон како посебен закон го суспендира правниот систем во државата, овој закон ќе се применува без оглед на другите применливи закони. Ваквиот правен преседан во никој случај не е и не може да се третира како јавен интерес.
Ивановска, претседателска на ДКСК


„Овој закон како посебен закон го суспендира правниот систем во државата, овој закон ќе се применува без оглед на другите применливи закони. Ваквиот правен преседан во никој случај не е и не може да се третира како јавен интерес. Суспендирањето на позитивното право, кршењето на темелните вредности овозможува арбитрерност, дискреција, можности за злоупотреба на функцијата...“, вели Биљана Ивановска, претседателска на ДКСК.

Ова што денеска го прочита Ивановска е всушност мислењето на антикорупционерите за овој предлог кое не стигна до Собранието затоа што пратениците експресно го изгласаа законот. Комисијата оценува дека законот има правни празнини, остава отворен простор за субјективизам и политички влијанија. Членовите на ова тело сметаат дека законот претставува заживување во практика на меморандумот што владата пред неколку месеци веќе го потпиша со „Бехтел-Енка“.

„Останува нејасно, како е избрана оваа компанија „Бехтел и Енка“ за стратешки партнер? Кога се носат вакви закони сепак на одреден начин мора да има транспаретност, да има дебата, особено со претставници од експертската фела, за да се види кои се предностите, но кои се и недостатоците.“, оцени Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Проблематично е и тоа што земјава веќе има лошо искуство со градење автопати преку договори во четири очи како што беше делницата Кичево-Охрид, зделка која ја доби кинески „Синохидро“ – за што се отвори и судски предмет.

„Ние слушнавме, помина 7 години со тој договор во четири очи СО „Синохидро“ со закон донесен на ист принцип и сите знаеме колкава штета беше причинета, а сега пак се продолжува со договори во четири очи.“, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК.

Антикорупционерите го повикаа шефот на државата да не го потпишува указот за прогласување на овој закон. Но, само неколку часа по настапот на членовите на комисијата од претседателскиот кабинет стигна соопштение во кое се вели дека Пендаровски веќе го ставил својот потпис со образложение дека законот е донесен со потребното мнозинсство и дека ниту еден пратеник не гласа против.

Во ваква ситуација, следен чекор што го најави антикорупциска е законот да го оспори пред Уставниот суд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG