Американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се среќаваат на маргините на министерскиот Арктички совет во Рејкјавик, Исланд.
Ова ќе биде прва лице в лице средба меѓу двајцата дипломати и доаѓа во време на зголемена напнатост меѓу двете земји.
Средбата треба да ја постави основата за планираниот Самит следните месец меѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот лидер Владимир Путин.
Стејт департментот синоќа објави дека „дека средбата ќе обезбеди можност да се утврди дали се можни постабилни и предвидливи односи со Москва“.
Блинкен ја повика глобалната заедница да избегне милитаризирање на Арктикот. Неговите излагања во Советот доаѓаат еден ден откако Лавров предупреди ниту една земја да не положува права врз Арктикот.
Facebook Forum