Линкови за пристапност

Ураганот Лора почна да губи сила откако ја погоди Луизијана


Националниот центар за урагани објави дека Лора се движи со максимални ветришта од 195 километри на час, и е категорија 3 во скалата од 1 до 5 според опустошувачката моќ.

Ураганот Лора загуби сила откако се истури врз сојузната држава Луизијана со категорија 4.

Националниот центар за урагани објави дека Лаура се движи со максимални ветришта од 195 километри на час, и е категорија 3 во скалата од 1 до 5 според опустошувачката моќ.


Утринава, Лора се истури врз крајбрежниот град Камерон, Луизијана, лоциран 86 километри јужно од езерото Чарлс. Бурата предизвика големи поплави, екстремни ветришта, а метеоролозите предвидуваат дека до крајот на денот евентуално ќе стане тропска бура.

Се очекува да бидат укинати предупредувањата за ураган во соседните Тексас и Луизијана.

Од налетот на Лора во Доминиканската република и на Хаити животот го загубија 24 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG