Линкови за пристапност

78 проценти од жртвите од нагазни мини се цивили


Меѓународната заедница во 2016-та, издвои 480 милиони долари за нивно уништување

Иако користењето нагазни мини како оружје е многу ретко, воени конфликти во Либија, Авганистан, Украина и Јемен водат втора година по ред по бројот на жртви. Годишниот извештај на организацијата The International Campaign to Ban Landmines, посочува дека минатата година имало 8.605 жртви од инциденти со нагазни мини. Од нив, 78 проценти биле цивили, а жртвите, меѓу голем дел се деца, се од 52 држави во светот.

Според меѓународната спогодба од 1999-та, државите-потписнички се обврзаа да не произведуваат вакви мини, да ги уништат залихите, да обезбедат помош за повредените и жртвите, и да ја исчистат својата територија во следните 10 години.

Мјанмар и Сирија се единствени земји чии влади минатата година поставиле нагазни мини. Двете земји не се потписнички на меѓународната спогодба.

Иако меѓународната заедница има напредок во отстранувањето на овие мини, се верува дека се` уште многу од нив има во Авганистан, Ангола, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Хрватска, Ирак, Тајланд и Турција.

Меѓународната заедница издвои 480 милиони долари во 2016-та, за поддршка на напорите за целосно уништување на нагазните мини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG