Некои од оние кои се приклучија на проектот сакаат да станат уметници, како ученици од Рајман артс, непрофитна програма за уметност што нуди викенд-часови на сликање. Имало и случајни минувачи низ паркот, на кои им било понудено да учествуваат.
Учениците и аматерските уметници прво се обиделе да ги нацртаат контурите на дрвјата, цвеќињата, луѓето и зградите на музеите, кои потоа ги обоиле со пастелни бои и јаглен.
Дајен Бригам од Рејман Артс вели дека настанот е доказ дека секој може да даде уметнички придонес.
Проектот ги зближил идните уметници и другите во работата на иста слика. Учесниците велат дека токму тоа целиот процес го прави интересен и забавен.
Софија Зардерс е една од нив. Таа вели дека цртањето било нејзина страст и дека целиот настан за неа е прекрасен.
Ова не е прв пат да се изведува овој проект. Традицијата започнала пред 11 години, во Британија, а од пред две години станува традиција и во Лос Анџелес.