На крајот од есента или почетокот од зимата во Америка се прославуваат многу религиозни празници, вклучувајќи го христијанскиот Божиќ и еврејската Ханука.
Но има еден исто толку голем, но секуларен празник, кој обединува луѓе со различни верски убедувања во овој период од годината. Тоа е Кванза, што Американците од африканско потекло го прославуваат седум дена по 26-ти декември, или кој започнува еден ден по Божиќ.
Базирано врз традицијата од дамнешните Африканци, Кванза е првенствено време за раскажување приказни и повторно поврзување со културите, што датира уште од времето на античка Африка. Името на празникот значи „први овошја“ на јазикот Свахили.
Празникот е создаден во 1966-та од Маулона Каренга, афро-американски стипендист и активист од државниот Универзитет Калифорнија во Лонг Бич. Тој го замислил како фестивал на семејството и заедницата.
Како што Евреите палат свеќа при прославувањето на Ханука, оние кои слават Кванза тоа го прават седум дена и завршуваат на Нова година. Тоа ги претставува седумте принципи – еднаквост, самодетерминираност, колективна работа и одговорност, кооперативна економија, цел, креативност и вера.
Со секој принцип одат древни и модерни приказни, басни и предупредувања или препораки за начинот на живеење, придружени со славење и размена на подароци. Има празнични картички, како и специјална хартија за завиткување подароци за Кванза, американска поштенска марка за Кванза, па дури и порака за празникот од американскиот претседател секоја година.
Но, има и жива дебата за потребата, релевантноста и популарноста на Кванза. Некои извештаи наведуваат се` помалку постари лица присуствуваат на прославите по повод Кванза секоја година. И некои Афро-Американци велат дека потребата за празникот е надмината откако гордоста да се биде црнец и културното осознавање е силно во земјата.
Но, има и луѓе од американско-африканската заедница кои ја прославуваат Кванза и инсистираат дека првиот конкретен афро-американски празник е далеку од мртов.
Семејствата ја слават Кванза, тихо и осмислено, без да прават голема помпа околу тоа, велат тие.