Американскиот специјален пратеник за Украина Курт Вокер изјави дека Русија треба да ги ослободи украинските морнари до Божиќ или пред Новата година.
Вокер за Гласот на Америка објасни дека САД и западните сојузници разгледуваат бројни опции за спречување на руското ширење со унилатерална контрола врз заедничките води во Азовското море.
„Не ја прифаќаме и нема да ја прифатиме анексијата на Крим од страна на Русија“, изјави Вокер, потсетувајќи на ставот на САД откако Москва во 2014-та изврши инвазија во Кримскиот полуостров и го припои тој дел со Русија. Потенцирајќи дека водите во Азовското море се дел од билатералниот договор меѓу Украина и Русија.
Вокер рече дека САД и европските сојузници може да преземат чекор да им забранат на руските бродови да доаѓаат од европски пристаништа до Крим. Ваквиот потег неодамна беше предложен од генералниот-секретар на владејачката партија на ЦДУ и најверојатен наследник на канцеларката Ангела Меркел, Анегрет Крамп-Каренбаје.
„Тоа е силна мерка и мошне креативна“, рече Вокер за Гласот на Америка, при што нагласи дека се уште се разгледува.
Вокер потсети дека таквата мерка ќе изврши притисок врз Русија со цел Москва да е спремна да преговара за решение.
Претходно, американскиот државен секретар Мајк Помпео ја критикуваше Русија за бројни престапи како конфликтот со Украина, мешањето во изборите во САД и во други држави, како и обидот за атентат на поранешниот шпион Сергеј Скрипл во Салисбури, Британија.
Facebook Forum