Линкови за пристапност

Тачи обвинет од Специјалното обвинителство во Хаг, и Хоти го откажа патот за Вашингтон


Официјален претставник од Стејт департментот објави дека покренувања обвинителни акти се резултат од „20 годишен период“ и се чекор напред во процесот кон правда и помирување на Западниот Балкан.

И косовскиот премиер Авдулах Хоти го откажа патот за Вашингтон, еден ден порано, тоа го стори и претседателот на Косово Хачим Тачи.

Хоти преку Твитер наведе дека „поради новите околности во Приштина, како резултат на Судот во Хаг, мора да се врати во земјата и да се справи со ситуацијата“. Тој појасни дека го информирал специјалниот пратеник на Белата куќа Ричард Гренер дека нема да може да допатува во Вашингтон на 27-ми јуни.

Средба Тачи - Гренел во Приштина
Средба Тачи - Гренел во Приштина

Косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалниот обвинителство во Хаг.

„10-ти осомничени се обвинуваат за речиси 100 убиства, киднапирања, прогон и мачење, меѓу нив косовски Албанци, Срби и Роми“, се вели од Хаг.

„Жртвите на кривични дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници“
Соопштение од Обвинителството во Хаг


Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.

Официјален претставник од Стејт департментот објави дека покренувања обвинителни акти се резултат од „20 годишен период“ и се чекор напред во процесот кон правда и помирување на Западниот Балкан, особено за воспоставување владеење на законот и правда за жртвите во Косово, како ѝ да е придвижи земјата по овој турбулентен приод кон евроатланската заедница.

Вучиќ дава изјава по победата на изборите во Србија
Вучиќ дава изјава по победата на изборите во Србија

Тачи требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белата куќа на крајот од неделата, чија цел беше да се направи обид да се стави крај на 12-годишниот дипломатскиот ќорсокак меѓу Србија и Косово. Косово објави независност од Србија во 2008-ма по крвавата герилска војна.

Белград никогаш не го призна независно Косово, а мировници на Алијансата беа распоредени во оваа најнова држава да спречат секакви инциденти.

На прашањето од српскиот сервис, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја окарактеризира средбата во Белата куќа како „можност за рестартирање на дијалогот меѓу двете страни и обид да се направи вистински напредок за изнаоѓање политичко решение за ситуацијата на Косово“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG