Јужна Кореја одбележува 70 години од почетокот на Корејската војна и покрај пандемијата со коронавирусот.
Годишнината не е национален празник, но честопати е прoпратена со церемонии, изложби на фотографии и посети на познати поранешни боишта коишто ги посетуваат странски ветерани.
Годинава, јавните настани се намалени на минимум или се откажани поради коронавирусот, a здравствените работници велат дека Јужна Кореја е зафатена со втор бран коронавирус.
Министерството за ветерански прашања проценува дека ѝ натаму се живи околу 84.000 ветерани од Корејската војна.
Според новите прописи, сите учесници на настаните поврзани со годишнината ќе мора да носат маски, ѝ да бидат оддалечени еден од друг.
Facebook Forum