Линкови за пристапност

Петреус: палењето на Коранот ги загрозува американските војници


Петреус: палењето на Коранот ги загрозува американските војници
Петреус: палењето на Коранот ги загрозува американските војници

Командантот на американските и силите на НАТО во Авганистан вели дека планот на американска црква да запали примероци на Коранот на 11-ти септември може да ги доведе во опасност американските сили и да наштети на себкупниот воен напор во земјата.

Генералот Дејвид Петреус вторникот предупреди дека планираното палење на муслиманската света книга може да биде експлоатирано од страна на Талебан за пропагандни цели и да поттикне антиамериканско расположение не само во Авганистан, туку ширум муслиманскиот свет.

Иран веќе предупреди дека потегот може да доведе до неконтролирани емоции во муслиманските земји.

Мала евангелистичка црква во Флорида најави дека планира да запали примероци на Коранот на одбележувањето на годишнината од терористичките напади врз САД на 11-ти септември 2001. Црквата има право да го стори тоа согласно Првиот амандман од американскиот Устав што гарантира слобода на говорот.

Свештеникот на црквата Тери Џонс изјави дека предупредувањето на генералот Петреус го сфаќа мошне сериозно, но дека црквата сепак ќе го стори најавеното. Американската амбасада во Кабул го осуди потегот, нарекувајќи го „акт на непочитување“ кон исламот.

XS
SM
MD
LG