Новиот претседател на Полска, Бронислав Коморовски се опишува себе си како радикал кој се трансформирал во човек за компромис и умереност.
58-годишниот Коморовски потекнува од семејство на аристрократи, кои преку ноќ осиромашиле, во времето на комунизмот.
Тој станал бунтовник против комунизмот во младоста.
Во 1981-ва, откако полската влада објави воена состојба во обид да го згасне дејствувањето на синдикатот Солидарност, властите го испратија заедно со други проминентни активисти во затворски кампови.
Коморовски беше повикан да и` се приклучи на првата пост-комунистичка влада во 1989-та. Тој досега извршуваше бројни високи владини функции - вклучувајќи пратеник, министер за одбрана и до неодамна претседател на Собранието.
Тој автоматски, според Уставот, стана преоден претседател во април кога претседателот Лех Кажински загина во авионска несреќа.
Коморовски е оженет и е татко на пет возрасни деца.