Линкови за пристапност

САД се` уште во шок за смртта на НБА ѕвездата Коби Брајант


Доцна синоќа, илјадници луѓе, обожаватели, симпатизери, спонтано се собраа пред Центарот Стејплс во Лос Анџелес, арената на домашните натпревари за Лејкерси.

Светот и натаму е во шок и неверување за смртта на американската кошаркарска легенда Коби Брајант, кој загина во трагична хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. Имаше 41 година.

Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана се меѓу деветмината загинати од леталото. Тие биле на пат за турнир во кошарка за ќерка му.

Поранешниот играч на Лејкерс е познат по често користење на хеликоптер од неговиот дом до салата Стејплс во Лос Анџелес со цел да го избегне хаотичниот сообраќаен хаос и метеж во метрополата.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер му оддаде признание како еден од најголемите кошаркари на сите времиња и изрази длабоко сочувство до семејството за загубата и за ќерката Џиана. Поранешниот претседател Барак Обама, голем кошаркарски обожавател, напиша преку Твитер дека Брајант само што започнал со нова фаза од животот по пензионирањето од кошарката и оставил многу проекти нереализирани.

Ѕвезди од други спортови, вклучувајќи го и квотербекот на Њу Ингланд Патриотс Том Брејди и хокеј легендата Вејн Грецки - изразија шокираност од веста за заминувањето на Коби. Професионалната бејзбол лига во САД изрази неверување за заминувањето на една од најголемите ѕвезди од светот на спортот.

Доцна синоќа, илјадници луѓе, обожаватели, симпатизери, спонтано се собраа пред Центарот Стејплс во Лос Анџелес, арената на домашните натпревари за Лејкерси.

Брајант заминува во историјата како еден од најголемите кошаркарски ѕвезди на паркетот. Целата, професионална, 20 годишна кариера ја мина во Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули. Го држи рекордот на четврти стрелец со најмногу постигнати поени на сите времиња во НБА.

Ѕвездата Џејмс Леброн го надмина на листата на најдобри стрелци еден ден пред неговата смрт. Коби преку твит срдечно му честиташе, што претставува негов последен текст преку социјалните медиуми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG