Клучни настани од животот на Ким Јонг Ил
|
Официјалната Корејска централна новинска агенција соопшти дека 69-годишниот изолиран лидер починал во саботата од срцев удар. Агенцијата додава дека починал од прекумерен „ментален и физички труд.“
Агенцијата соопшти дека неговиот погреб ќе биде на 28-ми декември во Пјонгјанг. Од 17-ти до 29-ти декември е период на национална жалост.
Ким Јонг Ил дојде на чело на Северна Кореја, по смртта на неговиот татко Ким Ил Сунг во 1994-та година. Веродостојни биографски информации за Ким се ретки. Тој ретко се појавуваше во јавност, а неговиот глас исто така ретко беше објавуван во медиумите.
Тој најмногу ќе се памети по спротиставувањето на меѓународната заедница и поттикнување на нуклеарната програма на Северна Кореја, додека милиони Севернокорејци гладуваа.
Кон крајот на минатата година , Ким Јонг Ил го промовираше неговиот син Ким Јонг Ун во генерал со четири ѕвездички, што се толкуваше како чекор кон избирање на негов наследник на функцијата.
Ким Јонг Ун се верува дека има 28 години, но и за него малку се знае во јавноста.
Севернокорејците изразија шок на веста за смртта на Ким Јонг Ил, ногумина плачејќи по улиците – слики кои денеска се прикажувани насекаде во светот.