Линкови за пристапност

Кери од Џибути заминува за Саудиска Арабија


Главна тема на разговорите ќе биде предложената „хуманитарната пауза“ во Јемен

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе дискутира за предложениот план за „хуманитарна пауза“ во завојуваниот Јемен кога ќе пристигне во Саудиска Арабија.

Дописничката на Гласот на Америка Пем Докинс, која патува со Кери, вели дека државниот секретар најави 68 милиони нова американска помош за Јемен за време на застанувањето во источноафриканската држава Џибути. Стејт департментот објави дека средствата ќе ги поддржат агенциите кои обезбедуваат храна, вода, засолниште и друга помош за 16 милиони Јеменци кои зависат од таа помош.

Саудиска Арабија изврши воздушни напади против бунтовничките Хути кои се обидуваат да ја урнат владата во Јемен.

Во Џибути, Кери се сретна со претседателот Исмаил Омар Гуелех и министерот за надворешни работи Махамуд Али Јусуф и им се заблагодари за поддршката за стотици Америкаци кои побарале прибежиште од насилствата во Јемен, кој е лоциран од другата страна на Аденскиот залив од Џибути.

Откако стана првиот државен секретар кој ја посети Сомалија, Кери е исто така прв којшто го посети Џибути.

Подоцна во денот Кери ќе се сретне со американски официјални лица во армиската база Камп Лемониер. Американската инсталација во Џибути, поранешна француска колонија, стана важен дел од американското воено присуство на Блискиот исток и во источна Африка.

Државниот секретар подоцна во среда патува за Саудиска Арабија. Оттаму заминува за Франција на разговори за регионалната безбедност и ќе присуствува на церемониите по повод крајот на Втората светска војна во Европа.

XS
SM
MD
LG