Линкови за пристапност

Кери на средба со саудиски претставници за сирискиот судир


САД и Саудиска Арабија се дел од групата „Пријатели на Сирија“, која минатата сабота вети дополнителна помош за бунтовниците

Американскиот државен секретар Џон Кери денес се среќава со саудиски претставници, за да разговара за ситуацијата во Сирија и редица други прашања.

И САД, и Саудиска Арабија се дел од групата „Пријатели на Сирија“, која на состанок минатата сабота вети дополнителна помош за бунтовниците кои се борат против сисрискиот претседател Башар ал-Асад.

Саудиска Арабија веќе доставува оружје за бунтовничките сили, додека САД неодамна најавија дека би започнале да испраќаат оружје покрај неборбената поддршка што веќе ја даваат.

Кери саботата повтори дека преговорите се најдобриот начин да се реши судирот што трае веќе преку две години.

Претставници на САД, Русија и ОН денес се среќаваат во Женева за да разговараат за планот за мировна конференција за Сирија на која на исто место би се нашле претставници на бунтовниците и на владата на Асад.
XS
SM
MD
LG