Линкови за пристапност

Кери во Јордан


Нов обид за блискоисточно решение

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Јордан како дел од неговите интензивни напори за постигнување мировен договор во израелско-палестинскиот децениски конфликт.

Стејт департментот објави дека Кери допатувал во пристанишниот град Акаба на Црвеното море, каде
ќе има средба со јорданскиот крал Абдула.

Кери се надева да објави договор за рамковен мировен договор до крајот на април, кога актуелната рунда преговори треба да заврши.

Нема многу информации за текот на преговорите, но двете страни меѓусебно се обвинуваат дека не прават доволно отстапки.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бара од неговиот преговарачки партнер, палестинскиот претседател Махмуд Абас да го признае Израел како еврејска држава.

Абас одбива со образложение дека тоа ќе ги доведе во опасност правата на израелските граѓани од арапско потекло и на палестинските бегалци кои сакаат да се вратат во нивните домови.

Двете страни мора да постигнат согласност за границите, безбедносните прашања, статусот на Ерусалим и иднината на палестинската држава.

Ако се постигне договор меѓу Израел и палестинската самоуправа со седиште на Западниот брег, нејасно е како тоа ќе се одрази врз појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, кој, пак, ги отфрли мировните разговори.
XS
SM
MD
LG