Американскиот државен секретар најави 40 милиони долари армиска помош за Филипините, земјата што е долгогодишен американски сојузник и вклучена во територијален спор со Кина.
Џон Кери ова го најави во Манила, каде се сретна со неговиот филипински колега Алберт дел Росарио и со претседателот Бењино Акино.
Помошта е наменета за подобрување на морнаричкиот одбранбен капацитет на Филипините и за јакнење на контратерористичките операции против муслиманското бунтовништво во јужниот дел од земјата.
Ова е дополнителна помош што доаѓа згора пакетот од 32 милиони долари што Кери вчера го најави за заштита на територијалните води на земјите во Југоисточна Азија, а што вклучува 18 милиони долари за Виетнам. Кери кажа дека зголемувањето на помошта не е наменето против растечката кинеска самодоверба, иако ги предупреди сите страни да се воздржат од „провокативни“ потези.
Првиот дипломат на САД го повтори и американското противење на новоспоставената кинеска воздушна зона над Источното Кинеско Море, што вклучува спорни области на кои и Јапонија полага право.