Линкови за пристапност

Нова книга за 48-та годишнина од атентатот на Кенеди


Нова книга за 48-та годишнина од атентатот на Кенеди
Нова книга за 48-та годишнина од атентатот на Кенеди

Поранешен агент вели дека имало многу пропусти во обезбедувањето на претседателот.

Поранешен вработен во агенцијата одговорна за обезбедувањето на поранешниот претседател Џон Кенеди кога се случил атентатот, за Гласот на Америка изјави дека инцидентот практично ги отсликал слабостите во работењето на службата.

Поранешниот агент во Американската тајна служба, Џералд Блејн и автор на најновата книга за убиството врз поранешниот претседател Џон кенеди, изјави дека несоодветно обезбедување е главната причина што обидот за атентат врз Кенеди на 22-ри ноември 1963-та година, завршил успешно. Тој додаде дека 34-цата агенти кои ја придружувале колоната возила во Далас, Тексас, во која се наоѓал претседателот, комуницирале со раце наместо со токи-воки направи. Кенеди во автомобилот-кабриолет беше со неговата сопруга и гувернерот на сојузната држава.

Шестиот кат од зградата од каде пукал осомничениот за нападот Ли Харви Освалд, е претворен во музеј.

Блејн додава дека трагичниот настан што го шокираше целиот свет, резултирал со подобрувања на безбедноста, како одвојување на повеќе средства за Тајната служба и возила со покрив за државниците.

XS
SM
MD
LG