Линкови за пристапност

Кавана ги отфрли обвинувањата за сексуално злоставување, Белата Куќа го поддржува


Кејлен Конвеј, советник на претседателот Доналд Трамп, на новинарите им кажа дека Белата Kуќа стои зад номинацијата на 53-годишниот Кавана за место во највисоката судска институција во државата и дека процесот за негово потврдување сака да продолжи

Брет Кавана, номинираниот судија за Врховниот суд на САД, ги нарече „целосно лажни“ обвинувањата дека пред три децении сексуално злоставувал тинејџерка, што тогаш била негова соученичка.

Кавана во изјава за медиумите истакна дека никогаш не направил такво нешто, „ниту кон неа, ниту кон никого“.

Номинираниот судија истакна дека не знаел од кого се обвинувањата сè додека во неделата „Вашингтон пост“ не објави дека зад таквите тврдења стои Кристин Бласи Форд, универзитетска професорка во Калифорнија.

Според нејзините изјави, нападот се случил во почетокот на осумдесеттите години, во нејзиниот дом во предградие на Вашингтон, при што таа била уплашена за својот живот.

Адвокатите и на Форд и на Кавана соопштија дека нивните клиенти се подготвени да сведочат пред Комисијата за правосудство во Сенатот во врска со овие обвинувања.

Кејлен Конвеј, советник на претседателот Доналд Трамп, на новинарите им кажа дека Белата Kуќа стои зад номинацијата на 53-годишниот Кавана за место во највисоката судска институција во државата и дека процесот за негово потврдување сака да продолжи. Таа додаде дека сенатската комисија за правосудство сега е на потег.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG