Линкови за пристапност

Канзас Сити – шампиони во американскиот супербол


Квотербекот на Канзас Патрик Махомс беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот – (МВП).

Шефовите од Канзас сити се шампиони во Националната фудбалска лига во САД. Во финалето, во суперболот на преполниот стадион во Мајами, ги победија Сан Франциско „49 ерс“ со 31-20.

Иако Сан Франциско водеа во текот на третата четвртина со 20-10, Канзас сити во финишот направи кам-бек и постигна 11 поени.

Квотербекот на Канзас Патрик Махомс беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот – (МВП).

Ова е прва победа на „Чифс“ од 1969-та, но и прва победа за тренерот Енди Рид кој е веќе 22 сезони во Лигата.

Освен иновативни телевизиски реклами, музички спектакл од Џенифер Лопез и Шакира на полувремето, овогодинешниот супербол го одбележа и првата – жена тренер во едно финале. Кејти Сауерс направи историја како помошничка тренерка за нападот на Сан Франциско.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG