Талебан повторно се закани со насилство за време на парламентарните избори во Авганистан.
Милитантната група планира напади врз гласачките места ширум земјата и ги повика Авганистанците да ги бојкотираат изборите. Повеќе од 10 милиони жители на Авганистан имаат право на глас.
Околу 2500 кандидати се натпреваруваат за 249 места во долниот дом на Парламентот.
Бунтовниците веќе убија тројца кандидати и неколку лица од изборните штабови спроти гласањето на 18-ти септември.
Амнести интеренешенал јави дека особено закани им се упатуваат на кандидатите – жени. Кандидатките на пратеничко место на некои групи за заштита на човековите права им рекле дека локалните безбедносни сили одбиле да ги заштитуваат или да спроведат истрага за инциденти или насилство.
И покрај заканите од Талебан, официјални авганистански лица ги уверуваат гласачите по нивната безбедност за време на гласањето.
Повеќе од 250.000 авганистански полицајци и војници се распоредени на гласачките места. Ним ќе им помагаат и меѓународните сили.