Линкови за пристапност

19-Јуни - нов федерален празник во САД


Легислативата со која се одбележува 19-ти Јуни како национален празник се најде на работната маса на Бајден, откако беше усвоена со сите гласови во Сенатот, а во Претставничкиот дом беше усвоена со 415 гласа ЗА, и 14 Против.

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот синоќа за креирање нов федерален празник со кој се одбележува крајот на ропството во САД.

Секоја година, националниот празник во Америка, ќе се одбележува на 19-ти јуни.

„Со одбележувањето на 19-ти јуни како федерален празник сите Американци ќе може да ја чувствуваат моќта на овој ден, и да научат за нашата историја и да го слават напредокот што сме го направиме досега, но и работите кои допрва, треба да ги унапредиме“, изјави претседателот на САД.

За време на потпишувањето на законот во Белата куќа, Бајден и оддаде признание на 94-годишната Опал Ли, активистка која честопати беше окарактеризирана како „Бабата на 19-ти Јуни“, при што прими стоечки овации од присутните на церемонијата.

Ли се залага за национално признавање на 19-ти Јуни, во последните 40 години.

Легислативата со која се одбележува 19-ти Јуни како национален празник се најде на работната маса на Бајден, откако беше усвоена со сите гласови во Сенатот, а во Претставничкиот дом беше усвоена со 415 гласа ЗА, и 14 Против.

Празникот го одбележува денот, во 1865-та, кога војниците на Унијата ги информирале црните робови во Галвестон, Тексас, дека се слободни, две и пол години откако претседателот Абрахам Линколн ја потпиша Декларацијата за еманципација.

Многу сојузни држави веќе го означија 19-ти јуни како празник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG