Линкови за пристапност

САД: Новите варијации од вирусот Ковид-19 ги погодуваат претежно невакцинираните


„Статистиката укажува дека 90 отсто од пациентите по болниците се невакцинирани или делумно вакцинирани. Значи, вирусот го наоѓа патот до нив, а тоа може да се спречи“, изјави д-р Шафнер.

Наративот со Ковид-19 во САД пред една година беше хоспитализации, менување на државните регулативи за рестриктивни мерки од една до друга сојузна држава, и надеж за брзо стасување до вакцини откако нацијата беше погодена со вториот бран на смртоносниот вирус.

Приказната во 2021-ва, од друга страна е вакцинација и варијации од вирусот, две поврзани сили, што го исцртуваат американскиот живот, денес.

Д-р Вилијам Шафнер е професор по инфективни заболувања при Медицинскиот центар на Универзитетот Ванделбилт за Гласот на Америка предупреди дека додека САД имаат значително намалување на бројката на нови случаи, новата варијација од вирусот Делта сега „најмногу се одразува врз невакцинираните лица“.

„Статистиката укажува дека 90 отсто од пациентите по болниците се невакцинирани или делумно вакцинирани. Значи, вирусот го наоѓа патот до нив, а тоа може да се спречи“, изјави д-р Шафнер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG